ФОТО и ВИДЕО| Шпанија: Кралoт и премиерот се откажаа од натамошните посети на поплавените подрачја откако беа дочекани со кал и повици „убијци“

Шпанскиот крал, кралица, премиер и шеф на покраината Валенсија се откажаа одонатамошните посети на поплавените подрачја откако беа пречекани со кал, камења и навреди во градот Паипорта во неделата.

Најмалку 217 лица загинаа во поплавите во Шпанија, а стотици сѐ уште се водат како исчезнати откако во вторникот невремето го погоди југоисточниот дел на земјата.

Кралот Фелипе VI Бурбонски, кралицата Летиција, премиерот Педро Санчез и регионалниот лидер Карлос Мазон дојдоа во неделата да изразат солидарност со жртвите, но тие посетија само едно место. По непријателскиот пречек во Паипорта, каде поројните дождови усмртија 62 лица, беше активиран официјалниот протокол за заштита, со што заврши нивната посета.

Гневните жители на Паипорта, каде што во поплавата загинаа 62 од вкупно 217 лица во Шпанија, фрлаа кал и камења врз шпанскиот крал, кралица, премиерот и шефот на провинцијата Валенсија, кои пристигнаа четири дена по најтешката природна катастрофа во поновата историја на земјата.

„Убијци, убијци!“, „Надвор, надвор извикуваа луѓе, фрлајќи предмети од улиците и балконите кон највисоките функционери на Шпанија.

Полицајците на коњи се обидуваа да ги смират гневните жители додека полицискиот кордон го штитеше кралот Филип Шести. и кралицата Летиција.

„Педро Санчез, каде сте“, извикуваа луѓе, негледајќи го премиерот, на калливата улица Паипорте, опустошено место на седум километри северозападно од градот Валенсија. „(Карлос) Мазон оставка!“, му скандираа во тој град со 27.000 жители на регионалниот челник.

И покрај силните тензии, 56-годишниот крал Филип Шести продолжи да оди слушајќи ги очајните жители кои се обидуваа да се пробијат низ полицискиот кордон. Утеши неколку жители, лице в лице, додека калта леташе од разни страни. Граѓаните се обиде да ги сослуша и кралицата Летиција, со лицето и рацете извалкани од фрлената кал.

Ова беше напад без преседан на кралската двојка откако тие дојдоа на тронот во 2014 година.

Многу жители на областите погодени од поплавите веруваат дека предоцна биле известени за претстојното невреме што предизвикало излевање на локалната река Турија и потопување на нивните домови. Тие се лути и затоа што во некои делови немало владини служби да им помогнат.

Во исто време, продолжува потрагата по стотици исчезнати лица во „најголемата природна катастрофа во модерната историја на Шпанија“, како што ја нарече ситуацијата премиерот Педро Санчез ден претходно во јавното обраќање од Мадрид.

Првата обиколка на кралската двојка, премиерот и регионалниот претседател до најзагрозените подрачја беше закажана за недела, а на првата станица во Паипорта беа генвно пречекани. Луѓето го клоцаа автомобилот во кој се наоѓаше Санчез. Пред да влезе во него на излегување од Паипорта, обезбедувањето го штитеше премиерот со чадори додека камења и кал летаа кон автомобилот од сите страни.

Наместо во следниот опустошен град Чива, каде живеат 16.750 луѓе, отидоа во кризниот штаб во градот Валенсија. Градот Валенсија остана недопрен во невремето, а штабот со највисоките функционери го чува полицијата. Демонстрантите се собраа пред зградата.

Премиерот Санчез накратко ѝ се обрати на тамошната јавност, велејќи дека „нема да отстапи од целта, без оглед на секундарните моменти на насилство“. „Главната цел е да се спасат животи, да се пронајдат телата на оние кои можеби загинале во оваа природна катастрофа и да се обноват уништените области“, рече тој пред да замине од штабот со автомобил.

Во Паипорта, седум километри од Валенсија, демонстрантите фрлаа кал и камења врз неговиот автомобил. Некои трчаа и го клоцаа возилото. Кабинетот на премиерот извести дека Санчез и другите функционери се „добро“.

Регионалниот лидер Мазон рече дека „ја разбира огорченоста на општеството“.

Жителите во Чива ги чекале службените лица, а кога дознале дека нема да дојдат, исвиркале. „Кукавици! Обединета нација никогаш нема да биде победена!“, извикуваа тие.

Некои жители на пошироката провинција Валенсија се чувствуваат напуштено и веруваат дека предоцна биле предупредени за смртоносната бура. Тврдат дека државните служби доцнеле да им помогнат на настраданите.

Граѓаните на Паипорта фрлаа кал и камења кон највисоките функционери на Шпанија, пцуејќи ги со извици „убијци, убијци!“ Безбедносните лица со отворени чадори ги штитеа службениците од фрлените предмети, а полициски кордон ги одвои од гневните демонстранти. .