ФОТО и ВИДЕО| Силна експлозија со настрадани и исчезнати во германски Леверкузен

Силна експлозија ги погоди во вторникот претпладнето подрачјето на западногерманскиот град Леверкузен во кој се наоѓа фармако-хемискиот концерн „ Bayer“, а полицијата објави за повредени чијашто бројка засега не е утврдена.

„Бројот на повредените и тежината на повредите сѐ уште не се познати“, изјави портпарол на компанијата „Currenta“ која управува со ткн Хемиски парк (Chempark) кој е сместен во јужниот дел на Леверкузен кој граниќи со градот Келн.

Исто така, не се познати официјални ниту причините за експлозијата. Според некои информации, експлозијата се случиал во близина на постројка за согорување отпад.

Како што соопштија властите на Леверкузен, граѓаните се заолени да останат во своите домови и да не ги отвораат прозорците.

Полицијата блокираше широка област околу местото на експлозијата во сојузната покраина Северна Рајна-Весфталија. Затворени се и неколку важни сообраќајници во овој густо населен дел на Германија.

Локалните медиуми јавуваат за „моќна експлозија“ и според нивните првични информации, сериозно се повредени најмалку двајца работници на постројката, а уште петмина се водат како исчезнати.

(Mirko Wolf/dpa via AP)