(ФОТО и ВИДЕО) Сириската армија открила хемиска лабораторија на милитантите во Источна Гута

 

Сириската армија открила лабораторија за производство на токсични материи во местото Афтрис во провинцијата Источна Гута којашто до пред неколку дена беше последното упориште на исламистиката групација Џаиш ал-Ислам во близина на престолнината Дамаск во која се случил наводниот напад со хемиско оружје минатата сабота во местото Дума, објави во петокот вечерта службената сириска новинска агенција SANA повикувајќи се на воени извори.

Во извештајот се истакнува дека ресурсите на лабораторијата биле доволни за производство на неколку видови хемиско оружје. „Во неа се наоѓала различна неопходна опрема за процесот на создавање и прашкасти смеси“, изјавил неименуваниот соговорник на агенцијата.

Минатата сабота на интернет се појавија извештаи за наводен напад со хемиски отров во градот Дума во кој имало наводно повеќе десетици мртви. Западните земји веднаш го обвинија официјален Дамаск за наводниот напад, кој не може да се провери од независни извори. САД веднаш соопштија дека ја разгледуваат можноста од ракетен удар врз Сирија како одмазда за овој напад.

Истовремено рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија ги демантираше информациите за употреба на хемиско оружје во Гута. Специјалистите на оваа организација го посетија местото на наводниот инцидент и соопштија дека не пронашле никакви траги од отровни супстанции. Во локалните болници, исто така, лекарите ангажирани во Центарот не нашле пациенти со симптоми карактеристични за изложеност на токсични агенси.

Подоцна во петокот портпаролот на руското министерство за одрана, генерал-мајорот Игор Конашенков изви дека видео материјалот кој го раширија западните медиуми за давање прва помош на наводните жртви како резултат на наводниот напад во Дума е фабрикација, Според него, руската страна успеала да ги најде директните учесници во инсценирањето на нападот, кои што раскажале за тоа како бил сниман материјалот. Конашенков, исто така, британските специјални служби биле вклучени во организирањето на планираната провокација, за којашто руското министерство за одбрана предупреди уште на 13-ти март.

„Руската војска располага со докази за директната вмешаност на Велика Британија во оваа провокација во Источна Гута“, изјави Конашенков. Тој го обвини Лондон дека извршил притисок врз сириската неформална наводна волонтерска спасувачка група наречена „Бели шлемови“ за којашто Москва одамна тврди дека е осмислена и финансирана од странски земји со сосема поинакви цели да им помага на бутовниците на боиштата и да испраќаат фабрикувани извештаи, да „ја исценираат оваа однапред подготвена провокација“.

Конашенков прецизираше дека двете лица кои учествувале во снимањето на видое снимката во одделот за итна помош во болницата во Дума рекле дека сите кои биле донесени и прикажани на видеото како жртви на наводниот инцидент, не покажувале симптоми на изложеност на токсични агенси.

Додаде дека додека пациентите примале прва помош во болницата за која станува збор, неидентификувани лица пукале во болничката зграда а некои држеле видео камери, некои почнале да викаат предизвикувајќи хистерични реакции и донеле црево со коешто ги прскале луѓето велејќи дека сите бил изложени на боев отров, и откако ја предизвикале паниката и го снимиле видеото, неидентификувани исчезнале од просториите.

Според Конашенков, Лондон преку разузнавачките служби им наредил на исламистичките борци на Џаиш ал-Ислам меѓу 3-ти и 6-ти април да започнат артилериски напад врз сириската престолнина Дамаск за да предизвикаа реакција на сириските владини сили, а „Белите шлемови“ потоа тоа би го искористиле да ја инсценираат оваа провокација. Гранатирањето на нападот врз станбена населба во Дамаск се случи во петокот при што загинаа неколку цивили, во саботата објавија дека имало владин напад со хемиско оружје во Дума.

Белите шлемови и невладиното здружение Сириско-американско медицинско друштво тврдат дека во нападот со „отровен гас“ на 7-ми априк во Дума смртно стадале повеќе десетици луѓе. За нападот ги објавија владините сили.

Британија веднаш ги негираше овие обвиненија. „Тоа е гротескно, најобична лага и најлоша лажна вест која досега ја произвела руската пропагандна машина“, изјави британската амбасадорка во ОН, Карен Пирс.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=QW7f1cXM2UA