ФОТО и ВИДЕО| Сопствениците на зградата на Флорида биле предупредени три години пред уривањето

Три години пред смртоносното уривање на станбената зграда на југот од американската сојузна држава Флорида, стручниот консултант поредупредил дека постојат докази за „големо структурно оштетување“ на бетонската потпора под базенската платформа и големата пукнатина, корозијата на бетонот во подземната гаража, известува во саботата весникот The New York Times.

Голем дел од дванеасеткатница во Сарфсајд, предградие на Мајами, ненадено се урна во четвртокот утрото, додека станарите уште спиеле. Потврдено е дека загинале четири лица, а 159 сѐ уште се водат како исчезнати и се трага по нив.

Весниокот наведува дека експертот од областа на инженерството, консултантот Френк Морабито, во извештај од октомври 2018 година предупредил на проблемите, и на основа на тоа бил изработен проект за санација чиешто изведување наводно требало да започне оваа седмица. Тоа значи дека реновирањето требало да започне дури две ипол години откако управителите на зградите биле предупредени. Дел од тие проблеми беа објавени по несреќата.

Меѓутоа локалните власти во Сарфсајд во петокот го објавија изввештајот на Морабито кој ги открива целосните размери на штетите на бетонот и арматурата, се наведвува во написот на NYT. Повеќето оштетувања веројатно ги предизвикала повеќегодишната изложеност на корозивниот солен воздух на брегот на јужна Флорида.

Морабито во извештајот не изнел никакви предупредувања дека зградата би можела да се урне, но истакан дека се потребни заолжителни поправки за да се „сочува структурниот интегритет“ на зградата и 136-те станови во нив.

„Иако дел од оштетувањата е помал, повеќето од оштетувањата на бетонот мора да се поправата во навремен рок“, напишал Морабито за оштетувањата во близна на темелите на зградата стара 40 години.

Весникот го цитира Кенет С. Дајректор, адвокат кој ги застапува управителите на зградата, кој претходно седмицава изјави дека санацијата на зградата требало да започне наскоро, врз основа на прокетот изработен пред две години. Нагласил дека процесот на санацијата на зградата би се водела поинаки доколку сопствениците знаеле дека корозијата и ронењето на бетонот, кои во блага форма биле релативно чести во многу крајбежни згради, претставуваат сериозна закана.