ФОТО и ВИДЕО| Спасувачите извлекле десет луѓе од под уранитините по вулканската ерупција во Индонезија

Индонезиските спасувачи евакуирале на безбедно десет лица затрупани под урнатините по ерупцијата на вулканот Семеру на остовот Јава, изјави за Reuters во неделата портпаролот на националната агенција за помош при природни катастрофи.

Во текот на зголемената активност на вулканот забележана во саботата, едно лице загина, а повеќе од 40 луѓе се здобиле со изгореници од кои дел се хоспитализирани. Покрај тоа, неколку куќи од кои локалните жители не успеале да побегнат навреме, беа затрупани со песок, кал и вулканска пепел.

Претставникот на агенцијата за спроавување со вонредни состојби, Абдул Мухари соопштил во неделата дека загинале 13 лица од кои само двајца досега се идентификувани.

Повредени се 98 лица, меѓу кои и две трудници, додека вкупно 902 се евакуирани. Додал дека најмалку 35 лица се хоспитализирани, а заменик-претседателот на областа Лумајанг рече дека 41 лице се здобиле со изгореници.

Самеру е највисокиот планинаски врв на островот Јава и е меѓу речиси 130-те активни вулкани во Индонезија. Претходната ерупција на вулканот Семеру беше забележана во јануари годинав, но тогаш немаше настрадани ниту позначителни материјални штети.