ФОТО и ВИДЕО| Стотици куќи уништени во пожарите во Колoрадо

Стотици куќи се уништени во четвртокот во пожарите во западната американска сојузна држава Колорадо, зафатена од силни ветрови и најголемата суша во истроијата на државата, соопштија тамошните власти.

„Изгореа околу 370 куќи во Сагамор. Претпоставуваме дека се уништени и 210 куќи во стариот град Супериор“, изјави шеригот на округот Болдер, Џо Пел на прес-конференција,.

Болдер, град со околу 100.000 жители, е на педесеттина километри оддалечен од Денвер, главниот град на Колорадо.

Во оваа сојузна држава владее најголемата суша во нејзината историја, која многу придонеле за лесното ширење на пожарите. Во округот Болдер пожарот проголтал хотели, трговски центри и повеќе од 650 хектари површина. Налетите на ветрот во некои деливи виле со сила од 160 километри на час, што го отежнало гаснењето на пожарите.

„Имајќи ги предвид големината и силата на пожарите, како и густата населеноста на ова подрачје, не би нѐ изненадило доколку има настрадани или загунати“, предупредил шерифот Пел.

Весникот The Colorado Sun пишува дека неколку лица побарале помош поради изгореници, а најмалку шест се примени на болнички третман. На снимките кои ги објави телевизиската мрежа CBS News, се гледа станбена зграда во пламен кој пожарникарите се обидуваат да го изнаснат.

Илјадници жители добиле наредба да се евакуираат, во прв ред од Луисвил, кој има 20.000 жители. Евакуација е прогласена и за целиот Супериор со 13.000 жители, кој во четвртокот бил обвиен со облак од црн чад, како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи.

„Силниот ветар го разгорува огнот и авионите не летаат“, објави на Twitter Џаред Полис, гувернер на претежно планинската дражва Колорадо.

Колорадо, кој и инаку има сушна клима како и големиот дел на американскиот Запад, веќе низа години е зафатен од големи суши. А последните години пожарите ги пустошат и државите Калифорнија и Орегон, исто така на американскиот Запад.