Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави дека ќе испрати полициски и воени засилување против грабежите и унишувањата во Кеноша во сојузната држава Висконсин, откако две лица беа убиени и едно е рането на насилните протести по полициското ранување на 29-годишниот афроамериканец Џејкоб Блејк.
„Денеска ќе испратам (претставници) на федералните агенции за спроведување на законот и Националната гарда во Кеноша, за да се воспостават законот и редот!“, напиша Трамп на Twitter.
Трамп наведува дека гувернерот на државата Висконсин, Тони Еверс од Демократската партија, се согласил со испраќање на сојузните засилување во Кеноша, град со 170.000 жители на езерото Мичиген, каде последните три ноќи не запираат насилните и хулигантски протести.
„Нема да толерираме грабежи, подметнување пожари, насилства и беззаконие на американските улици. Мојот тим штотуку разговараше телефонски со гувернерот Еверс, кој се согласи да ја прифати федералната помош (Портланд мора да го стори истото!)“, истакна Трамп во објавата.
Претходно гувернерот Еверс прогласи вонредна состојба во државата поради немирите. Оцени дека ваквиот потег ќе им овозможи на државните органи да обезбедат потполна поддршка на службите за итни случаи за заштита на ифранстуктурата и културните објекти.
Претходно прогласениот полициски час во Кеноша ќе биде на сила до неделата, изјави за CNN, окружниот шериф Дејвид Бет.
„Се планира полицискиот час да трае до недела, но тоа може да се промени“, изјави Бет појаснувајќи дека мерката ќе започне во 19 часот. Не исклучи мерката да биде продолжена и по неделата.
Началникот на градската полиција Даниел Мискинс истакна дека ноќта кон средата во Кеноша за време на протестите имало масовни подметнувања пожари, вандализам и грабежи.
Уапсен осомничен тинејџер за убиствата на протестите во Кеноша
Тинејџер осомничен за пукањето кое довело до смрт на две лица во Кеноша во текот на немирите во градот, пренесува во средата порталот The Daily Beast, повикувајќи се на судски документи според кои тој е обвинет за убиство со предумисла.
Според сознанијата на порталот, 17-годишниот осомничен идентфикуван како Кајк Ритенгаус бил уапсени во соседната сојузна држава Илиноис. Според обвинението, тинејџерот бегалец „избегал од Винсконсин во обид да побегне од правдата“.
Порталот наведува дека на страницата на Ритенхаус на Facebook, до која пристапот во моментов е блокиран, објавени се пароли за поддршка на движењето кое се залага нападите врз полицајците на судовите да се третираат како злосторства од омраза. Покрај тоа, според сознанијата на The Daily Beast, тинејџерот објавил фотографии на кои е со полуавтоматска пушка од моделот „AR-15“ од којашто наводно пукал изминатата ноќ.
Во безредијата изминатата ноќ во градот Кеноша загинале две лциа а уште едно е тешко рането, објави во средата весникот Milwaukee Journal Sentinel, повикувајќи се на окружниот шериф Дејвид Бет. Во инцидентот учествувале демонстранти против полициската бруталност и вооружени мажи кои чувале бензиска пумпа.
Според шерифот Бет, агентите на Федерално биро за истраги (FBI), ѝ помагаат на локалната полиција во истрагата за убиствата. Додаде дека изминатата ноќ биле активирани 250 полицајци и 250 припадници на Националната гарда за зауздување на безредијата во Кенаоша.
Неразјаснето полициско пукање во црнец повод за безредијата
Немирите во Кеноша започнаа откако афроамериканецот Џејкоб Блејк, на 23-ти август неколкупати е застралан од полицијата во грбот додека влегувал во автомобилот во кој биле неговите три сина на 3, 5 и 8 години. Пукањето го снимил минувач и го објави на социјалните мрежи а снимката поттикна револт кај граѓаните за овој нов случаи во кои полицијата се обвинува за расистичко мотивирано насилство.
Полицијата соопшти дека интервенирала по повик за семејно насилство, а како што е видливо и на снимките, 29-годишниот Блејк не се реагирал на повеќекратните повици на полицајците да застане. Полицаецот кој пукал во Блејк е отстранет веднаш од работа. Бирото за правосудство на сојузната држава Висконсин започна истрага, но сѐ уште не се објавени поединостите.
Блејк е во хоспитализиран и според изјавата не неговата мајка е при свест. Неговите адвокати велат дека ќе биде „чудо“ ако тој може повторно да оди.