ФОТО и ВИДЕО| Тројца тинејџери ранети во пукање на њујоршки Тајмс сквер

Три момчиња се застрелани во пукање на прочуениот плоштад Тајмс Сквер во Њујорк, а туристите се разбегале барајќи засолниште, објави полицијата во вторникот.

Пукањето се случило на фреквентната 42-ра улица во близина на Седмата авенија околу 23,50 часот по локално време во понеделникот, соопшти полицискиот оддел на Њујорк.

Во извештајот на телевизиската мрежа ABC News се истакнува дека станува збор за дел од Њујорк кој е масовно посетуван од туристи и од жителите на метрополата и важи за ткн место на кое нема оружје.

Меѓутоа, граѓаните кои се нашле на местото на инцидентот во телевизискиот прилог наведуваат дека назначувањето области кои се „без оружје“ малку ги одвраќа криминалците.

„Тука би требало да нема пиштоли, но тоа е Њујорк. Некои луѓе можеби се шетаат со ножеви, оружје, што и да е, пиштоли… . Како што можете да видите, очигледно, ниедно место не е безбедно“, вели еден њујорчанец.

Две од момчињата, на 15 и 18-годишна возраст се застрелани во нозете, а болничарите во стабилна состојба ги пренеле во блиската болница „Белви“. Третото момче, на 17-годишна возраст, приватно е префрлено во болница во квартот Харлем и, исто така, е во стабилна состојба.

Напаѓачот, кој според очевидците носел ранец, побегнал од местото на нападот, на кое се најдени четири чаури. Полицијата соопшти дека од видеоснимките до кои дишле се дознава дека напаѓачот пред пукањето има расправија со жртвите, кои биле дел од поголема група. Набрзо потоа отворил оган. Поради тоа, полицијата верува дека жртвите и осомничениот се познавале и дека најверојатно тоа не е случаен чин.