ФОТО и ВИДЕО| Туна на новогодишната аукција во Токио продадена за над 140.000 долари

Сината туна постигна на првата годинешна аукција во Токио цена од 16,8 милиони јени, односно 144.815 американски долари, известуваат јапонските медиуми.

Пандемијата на коронавирусот влијаеше изминативе две години влијаеше и на цените, па на годинешната аукција на пазарот на големо „Тојосу“ првпат по шест години е продадена за помалку од 20 милиони јени.

Рибата од 211 килограми била уловена во близина на ‘ртот Ома, најсеверната точка на островот Хоншу, во областа којашто спаѓа меѓу најдобрите локаци за лов на туни во Јапонија.

Туната ја купилe зеднички ресторански оператор и трговец на големо, плаќајќи така околу 690 килограми по килограм. Сумата платена во средата за огромната сина туна е далеку под рекордот постигнат во предпандемиската 2019 година, од 333,6 милиони јени.

Неколку часа по аукцијата во раните утрински часови, најскапата риба беше испорачана во ресторанот на операторот „Онодера“ во луксузниот кварт Омотесандо во Токио каде јавно е исечена на филети.

За релативно високите цени на новогодишната аукција во Токио не е толку заслужен квалитетот на рибата, колку што е престижниот карактер на самиот настан кој го означува настапувањето на новата деловна година.

Првата аукција на туна годинава на пазарот Тојосу е традиција која внимателно се следи и која секоја година привлекува орда трговци на големо со риби. Купувачите понекогаш издвојуваат огромна сума за да ја освојат туната со највисока цена, што се смета дека носи среќа, како и многу публицитет за купувачот.

Сината туна е исклучително популарна во Јапонија, а поради прекумерниот излов се најде на листата на сериозно загрозените видови.