ФОТО и ВИДЕО| Јужноафриканскиот парламент уништен во пожар, приведен осомничен

Голем пожар во неделата вечерта и натаму гореше во јужноафриканскиот парламент во Кејп Таун, а полицијата под сомневање за подметнување на пожарот упасила 51-годишник кој ќе го изведе пред суд.

Пожарникарите со часови се борат со огнот кој беснее во големата зграда во викторијански стил со бело-црвена фасада.

„Маж е уапсен во зградата на парламенот и трае сослушувањето во рамките на криминалистичката истрага“, изјавил за AFP, Танди Мбамбо, портпаролот на елитната единици на јужноафриканската полиција.

Засега нема извештаи за жртви, но поновото крило на зградата на парламентот на Јужноафриканската Република е целосно уништено. Исто така, засега сѐ уште не се познати вистинските размеи на штетата во зградата во која се сместини драгоцени збирки книги и уметнички дела.

„Се чини дека системот за автоматско гаснење оган не работел“, изјави за новинарите претседателот Сирил Рамафоса, кој пристигна на местото на несреќата.

Сообраќајот во оваа богата населба е затворен. Безбедносен кордон кој се простира до влезот во блиската катедрала во која ден претходно беше служена задушницата за Десмонд Туту, последниот херој на борбата против апартхејдот кој почина на 26-ти декември. Урната со неговата пепел бепе во неделата положена во катедралата.

Во Кејп Таун од 1910 година е седиштето на парламентот кој се состои од Народно собрание и горниот дом Националниот совет на покраините, додека владата е стационирана во Преторија.

Во април 2021 година во пожарот кој се прошири од околните планини над крајбрежниот град беше уништена вредната библиотека на реномираниот универзитет.