ФОТО и ВИДЕО| Во Дубаи отворен најдлабокиот базен за нуркање на светот

Најдлабокиот базен за нуркање на светот е отворен во Вубаи, а посетителите ќе може да се спуштат до 60 метри дрлабочина до потопен град и да играат аркадни игри.

Дубаи, туристичкиот и деловен центар со пустински пејзажи и повеќемесечни горештини, познат е по екстравагантните атракции, како што се скијачките патеки на затворени, големите водени паркови и највисоките згради на светот.

Базенот, кој е со димензии колку шест олимписки базени, е потврден во Гинисовата книга на рекордите како најдлабокиот базен на светот за нуркање.

Водството на комплексот „Deep Dive Dubai“ наведува дека нивниот е за 15 метри подлабок од кој и да е друг базаен на светот. Дизајниран е во форма на школка, и воедно е и најголемото подводно филмско студио во регионот.

Нуркачите ќе можат да се спуштаат до потонатиот град со звуци и осветлување. На патот кон длабочините се наоѓаат и две „суви соби“ исполенти со воздух.

Посетителите, исто така, ќе може да избираат дали ќе нуркаат со боци со кислород или без нив, сооопшти компанијата којашто управува со оваа атракција.

Пред „Deep Dive Dubai“ најдлабокиот базен на светот со пад од 45,5 метри, наменет за обука и тренинзи на нуркачи, беше отворен кон крајот на ноември минатата 2020 година во близина на полската престолнина Варшава. Базенот „Deepspot“ е преполн со имитации од подводни шпили и мајански урнатини, а има и помала имитација на остатоци од брод наменета за обука за подводни истражувања.

Претходно во мај годинава во новоотворенотот луксузно одморалиште во сопственост на „Adress Beach Resort and Spa“ во Дубаи беше отворен мпресивен базен за гостите, кој се наоѓа на 77 кат, на речиси 300 метри надморска височина, што е рекордна височина за еден базен, потврден и од Гинисовата книга на рекордите.Базенот е долг 94,84 метри и широк 16,5 метри, односно двојно е подолг од димензиите за олимписките базени.