(ФОТО и ВИДЕО) Во Египет се сретнаа највисокиот човек и најниската жена на светот

Двајца носители на титули на Гинисовата книга на рекордите се сретнаа во подножјето на древните величествени пирамиди на покана на туристичкиот совет на Египет.

Трисет и петгодишниот земјоделец од Турција, Султан Keсен се смета за највисокиот човек на планетата со неговите 251 сантиметaр. Друштво на „турскиот гигант“ му правше во Египеt, 25-годишната Џоти Амџи од Индија, којашто според компанијата Guinness World Records е сопственик на тутулата „најниска жена во светот“ со 62 сантимери.

Заедничката фотосесија на двајцата рекордери во близина на египетската престолнина Каиро привлече голем број турсти и египетски славни личности.

Растот на Кесен е поврзан со тумор на хипофизата. Поради болеста, неговото тело произведува премногу од хормонот кој го поттикнува растот.

Амџи, родена во Нагпур, во индската сојузна држава Махараштра, пак, страда од ахондроплазија, односно наследна болест која доведува до џуџест раст порaди неразивеност на коските. Таа инаку има актерско искуство и настапува во реално шоу. Во нејзината листа е и улогата во серијалот „Американската историја на ужасот“.

https://metro.co.uk/video/worlds-tallest-man-meets-worlds-smallest-woman-1617328/?ito=vjs-link