Познатиот хрватски гитарист и долгогодишен соработник на Северина, Иван Пешут за влакно ја избегна смртта!
Несреќа се случило на автопатот А1 меѓу клучката Карловац и клучката Јастребарско во правец кон Загреб, кога автомобилот на Иван почнал да гори, без тој да забележи. За среќа, возач на камион го видел ова и почнал да паничи и да свири за да го привлече вниманието на Иван веднаш да застане.
-Сакам да им се заблагодарам на сите што застанаа да помогнат од се срце, иако сето тоа се случи за две минути. Неколку луѓе излегоа со противпожарни апарати, но побезбедно беше само да се оддалечите. Голема благодарност до членовите на Хрватскиот воен оркестар и интервентната полиција кои случајно поминаа и понудија помош, напиша тој и додаде:
„Огромна благодарност до пожарникарите, а особено до возачот на камионот кој го виде пожарот под автомобилот пред нас, свирна за да сфатиме дека нешто не е во ред и ми дозволи да се префрлам на десната страна. Со камионот и се обиде да застане со возилото кое во тој момент повеќе немало сопирачки. Главата ми е на рамениците… Одиме понатаму“.
Набрзо по оваа прилика се огласи и Северина.
-Ова ти е втор роденден, сите славиме дека ништо не ти се случило, му напиша пејачката на Инстаграм.