ФОТО I Започна протестниот марш од Универзална сала!

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Започна протестниот марш преку кој се бара правда за 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Стотици граѓани го преплавија булеварот Партизански одреди, а на чело на протестот е семејството на девојката, нејзините мајка, татко и сестра, кои в рака носат слика од нивната Фросина. Најбројни се младите, кои масовно вторпат излегуваат на мирен протестен марш револтирани од трагедијата и од сите други трагедии низ улиците кои не завршуваат со адекватна казнивост.

Дел од младите на маршот носат црни блузи на кои пишува „Правда за Фросина“.

„Безбедноста е право, не луксуз“, „Ако корумпиран систем живее, народот умира“, „Денес правда за Фросина, утре за сите нас“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Her future stolen, his privilege exposed“, „Партизанска не е Формула1“, „Улиците не се тркачки патеки“ се дел од транспарентите, кои ги носат учесниците на протестот.

Маршот почнува од Универзална, Собрание, ОЈО и ќе заврши пред Кривичниот суд.