Повеќе илјади демонстранти се сорбаа во саботата во холанскиот град Утрехт изразувајќи го незадоволството поради новите ограничувања коишто на сила стапија минатиот викенд со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјата.
Демонстрантите носеа транспаренти на коишто пишуваше „Слобода на здравството, веднаш!“, истакнувајќи ги холандските национални знамиња.
Повеќето демонстранти го осоудуваат сѐ повисокиот притисок на холандската влада којашто од нив бара да се вакцинираат против Covid-19 доколку сакаат да учествуваат во сите сегементи на јавниот живот.
„Ние смепротив тоа да не можеме слободно да репаваме за тоа што ни се случува во нашите сопствени тела“, изјавила за Reuters, Марит фан Хунен.
Станува збор за првите поголеми протести во Холандија против новите мерки, кои се однесуваат и на затворањето на баровите и рестораните во вечерните и ноќните часови, како и поголемиот дел дуќани. Целта на овие мерки е да се сузбие рекордниот бран нови сличаи на коронаинфекции кои се закануваат со преоптоварување на здравствениот систем во целата земја.
Пред две седмици во Холандија во неколку градови се одржаа масовни протестни собири кои прераснаа во насилства а полицијата со предупредувачки истрели во воздух повредеи десетина лица откако беа повредени десетици нејзини припадници. Тогаш демонстрантите се противеа на многуте од невакцинирани жители да им се збарани влегувањето во баровите, рестораните и другите јавни места. Тие планови наидоа и на големо противење во холандскиот парламент и сѐ уште не се спроведени. На мерките се противат и некои партии од владејачката коалиција.