Ширум Македонија илјадници градѓани во саботата се потпишаа против фалсификат попис на Заев, масовно од сите скопски општини граѓани излегоа и кажаа НЕ за попис по терк на СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пописот е статистичка операција, и како таков тој треба да биде по методологија и процес кој ќе прикаже реални резултати, а не насилен и на база на коалициски договор. По денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот, Заев треба веднаш да се
повлече од идејата за попис во април, истакнуваат од опозициската партија.
Попис, да, но електронски и според методолигија, која ќе даде реалнми резултати и слика за институциите и системот, додаваат од таму.
Граѓаните на Велес, Кавадарци, Неготино и Повардарието денеска излегоа во масовен број против фалсификат попис, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните кажаа не за насилието на Заев, кој пописот како статистичка операција сака да направи политичка операција заради пазарот за коалиција. Граѓаните не се предмет за пазарење, а неговите коалициски ветувања Заев може да ги подмири од нешто што е негово, а не со пописот, кој треба да даде јасна слика за бројот на луѓе во државата, значајни податоци за нивното образование, занимање, како и населеноста итн, истакнуваат од опозициската партија.
Пописот и е насушно потребен на државата, но реален, а не фингиран, додаваат од таму.
Граѓаните во Штип, Крива Паланка, Кратово, Петровец и околните општини денес масовно излегоа и го дадоа својот потпис за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ со цел поништување на законот за попис и негово одлагање, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Народот нема да дозволи фалсификат попис по мерка на Заев по однапред договорени бројки. Заев мора са сфати дека пописот е статистичка операција од значење за државата, а не предмет за поткусурување. Македонија има потреба од попис кој ќе ја содржи реалната слика, од кој институциите ќе црпат податоци и ќе може да се креираат програми на среден и долг рок, истакнуваат од партијата.
Пописот каков што Заев го замислува е само за негова лична корист. Граѓаните ја испратија пораката. Не за фалсификат попис, додаваат од таму.
Илјадници граѓани од Битола, Охрид, Ресен и другите општини од југозападна Македонија го ставија својот потпис против фалсификат пописот на Заев, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Електронскиот попис е единствено логичко решение, и истиот ќе даде реални бројки и податоци, се друго е политички пазар, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот, додаваат од таму.