Вработени на одржување на апартманите во комплексот во кој живеела поранешната актерска двојка Џони Деп и Амбер Херд, изјавиле кој би можел да биде вистинскиот виновник за претепувањето на актерката, за што е обвинет нејзиниот поранешен сопруг, пишува весникот The Daily Mail.
Една од вработените во пентхаусот каде живеела двојката пријавила дека трагите од тепањето на лицето на Херд се појавиле дури една седмица откако Деп заминал во странство.
Според Алехандро Ромеро, припадник на обезбедувањето на комплексот, во тој период актерката повеќепати била посетувана од Илон Маск. Како што тврди Ромеро, милијардерот ја посетил Херд неколкупати во текот на две седмици, околу 23 часот навечер. Токму во тој период се појавиле модринките на лицето на Херд. И двајцата сведоци изјавиле дека никој освен Маск не ја посетувал Херд во тој период.
Џони Деп и Амбер Херд стапија во брак во февруари 2015 година, а во мај следната година поднесе барање за развод, обвинувајќи го сопругот за семејно насилство. Деп одговори со тужба за поранешната сопруга, обвинувајќи ја за клевета и бара отштета од 50 милиони долари за написот во кој таа го обвинува за семејно насилство.
Во текот на процесот против Херд и против британски таблоид, на почетокот од 2020 година на интернет се појави снимка од разговор меѓу холивудските ѕвезди на кои самата Херд признава дека го тепа 23 години повозрасниот сопруг.