Русинката Кристина Пименова нема уште ни десет години, а нејзиното лице и име е веќе познато во целиот свет. Ова деветгодишно девојче го живее сонот н а голем број нејзини врсници.
Благодарение на својата несекојдневна убавина и харизма ги освои насловните страни на многу светски списанија, како на пример „Вог Бамбини“.
Кристина е родена во Москва на 27 декември во 2005 година. Во светот на модата и гламурот зачекорила на неполни четири години.
Својата убавина и талент за моделинг ги има наследено од својата мајка, која исто така била модел.
Пименова е заштитно лице на познати брендови, како што се : Роберто Кавали, Бенетон, Долче и Габана и многу други.
Таа професионално се занимава и со ритмичка гимнастика, а мината година ја освои наградата „Гранд Прикс“ на натпреварувањето „Алина 2013“.
Кристина во светот на модата ја вовела нејзината мајка, која го води најзиниот профил на социјалните мрежи. Само на нејзиниот фејсбук профил досега има повеќе од 2 милиони фанови.
Цел живот е пред неа, а со мали и сигурни чекори полека почна да се искаќува на врвот.