ФОТО: Инцидентот во Париз бил терористички напад?

лувр

Според сегашните информации, станува збор за обид за атентат, бидејќи напаѓачот се обидел да влезе во Лувр со торби, околу 10 часот. Кога војниците и полицајците побарале од него да го отвори торбите за контрола, тој извадил нож или еден вид сор, и се обидел да  нападне еден од војниците, при што војниците истрелале пет куршуми.

luvr-napad

Тој им се приближи на полицајците и војниците кои беа на обезбедување, извикувајќи „Алах Акбар“ Најблискиот војник до него стрелаше за да се одбрани наспроти нападот. Притоа, еден од војниците е полесно повреден во главата. Војникот истрела пет куршуми, серизоно повредувајќи го напаѓачот со еден куршум во стомакот.

Напаѓачот е жив, но во тешка здравствена состојба.

luvr-napad1

По проверката на содржината на двете торби кои ги имаше на грбот ние констатиравме дека нема експлозив и закана, по што е ослободен периметарот за судската полиција која започнува истрага под надлежност на обвинителот,“ изјави префектот на Париз Мишел Кадо.

luvr-napad2

Околината на Лувр беше блокирана од страна на многу полицајци под целосна опрема, а беше затворена и метро станицата Порт Ројал на линијата 7.

luvr-napad4

Веднаш по нападот околу двеста посетитетли на музејот беа евакуирани внатре во музејот се додека теренот не беше безбеден.

luvr-napad-turisti

luvr-napad-turisti1

Истрагата е во тек и наскоро се очекува и рекација на Министертвото за внатрешни работи и обвинителот на Париз.