ФОТО: Индиец не ги исекол ноктите од 1952

Шридар Чилал од Индија е човекот со најдолги нокти во светот, кој се запиша во Гинисовата книга на рекорди.

Тој не ги исекол ноктите од 1952. година и оттогаш до денес ноктите му пораснале вкупно девет метри.

Најдолг нокт има на палецот со должина од 197,8 сантиметри,  додека останатите му се долги 164, 186, 181 и 197 сантиметри.