Иако не ја видовме во индиско сари, совршената тура низ егзотичната Индија беше идеална можност Кејт да ја видиме во ведри, весели бои кои внесоа свежина во нејзиниот дамски изглед.
Кејт во бела, дамска креација во стилот на 50-тите
Еден ден порано, Кејт прошета во ефектна модна комбинација.
Подоцна во текот на денот таа и принцот Вилијам беа почесни гости на добротворна гала вечера, каде Кејт се појави во син раскошен фустан со фасцинантен рачно изработен вез.
Во продолжение можете да ги видите останатите изданија на Кејт кои ги носеше за време на посетата на Индија…