Чантите, чевлите, ремените и облека од змиска кожа се луксузни и скапи, се продаваат во префинети продавници, но фабриките во кои се изработуваат се вистински хорор. Во мали фабрики во мизерни услови секојдневно се убиваат по илјадници змии од чија кожа се прават чанти и чевли.
Една таква фабрика, или подобро кажано кланица има во селото Циребон во Индонезија.
Таму работниците убиваат и им ја дерат кожата на змиите, а потоа ја транспортираат до фабриките. Самиот чин на убивање на змиите е суров, а целиот процес трае околу десетина минути. Змијата прво ја зашеметуваат со удар во глава, а потоа се навлекува црево. На крај со вода се надувува како балон, со што се вади целата нејзина внатрешност.
Потоа кожата се остава да се исуши, а потоа се преработуваат, се додава боја и се сечат според потребите.
Трошокот да се направи една чанта од змиска кожа е од 15 до 30 долари, но тие се продаваат по илјадници.