Руска инфлуенсерка и нејзиниот сопруг се протерани од островот Бали, бидејќи таа се фотографирала гола на свето стебло и со тоа ги прекшрила локалните културни обичаи, објавија индонезиските власти.
Алина Фазлеева, којашто има илјадници следбеници на Instagram, позирала гола на стебло од банџана (бенгалска смоква) старо 700 години во храм во округот Табанан.
Фотографијата, којашто ја направил нејзиниот сопруг Андреј Фазлеев, а е објавена на Instagram и стана вирална, го разгневи локалното хиндуистичко население.
„Се занимавале со активниости коишто го загрозуваат јавниот ред и не ги почитуваат локалните обичаи“, изјави за новинарите Џамарули Манихурук од службата за доселеници на Бали.
Брачната двојка ќе „биде казнета и прогонета“ и ќе им се забрани престој во целата Индонезија најмалку шест месеци, а „ќе мора и да се подвргнат на обредот на прочистување на свето место со локалните верувања“, додал Манихурук.
Алина Фазлеева преку Instagram се извини и призна дека сторила „голема грешка“. „Има многу свети места на Бали, но не се сите означени“, ја објаснува причината за својот престап.
Гувернерот на Бали, Вајан Костер, предупреди дека нема да бидат толерирани туристите кои не ја почитуваат локалната култура или хиндуизмот, која е доминатна религија на овој остров.
Во април индонезиските власти го протераа канадскиот актер и самопрогласен гуру на среќата кој објави свое видео како гол танцува на ридот Батур, вулкан на Бали кој локалното население ги смета за свет. Канаѓанецот на ридот сосема гол го зиведувал ритуалниот танц на новозеландските Маори.