Карл Лагерфилд е едно од најпознатите и најценетите имиња на светската модна сцена. Неисцрпната креативност што овој дизајнер ја поседува најчесто се остварува во обликот на прекрасните парчиња облека и модни додатоци што тој ги осмислува за Шанел и Фенди, но овој пат ќе се свртиме кон интимната област на неговото творештво, односно кон неговиот дом.
Импозантната библиотека што дизјанерот со години ја собирал и грижливот ја чувал, зазема голем дел од неговиот простор. Но она што е необично е начинот на кој што сите книги се наредени.
Лагерфилд дури и овде успеал да остави свој печат. Книгите се наместени хоризонтално, така што при бирање не е потребно да го виткате вратот и да ја наведнувате главата, како што тоа вообичаено го правиме кога одиме во книжарници.
Иако овој начин на редење на книгите дава доза на динамичност на просторот во комбинација со минималистичкиот мебел се остварува мошне силен визуелен впечаток, а неможеме а да не се запрашаме – Како ги вади книгите што се на дното?