![SvErazmo_kardiologija_240620164855](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/SvErazmo_kardiologija_240620164855.jpg?resize=485%2C323&ssl=1)
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески беше во посета на неколкуте локации каде интензивно се работи заврши со посета на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.
Во моментов во поодмината фаза е реконструкцијата и адаптацијата на болничкиот комплекс . Во него ќе бидат сместени Одделите за ортопедија, трауматологија и комплексот за кардиоваскуларни заболувања.
Реконстукцијата се одвива според предвидениот план и динамика. За седуммесечниот период откако се започна со работа е направено многу.
Се уредуваат болничките соби, операционите сали, амбулантите и лабараторијата, а набавена е и нова опрема. Истовремено се изведуваат градежните работи во делот во кој ќе биде сместен Заводот за кардиологија.
Изведувач на градежните активности е градежната компанија „ВИА Вевчани“ од Вевчани.