
И пред најголемиот верски празник, насилниците на СДСМ не мируваат. Локален штаб на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ беше искршен и во него беше уништен инвентарот.
Станува збор за штабот на ВМРО-ДПМНЕ во скопско Црниче.
Минатата недела од страна на протестантите на СДСМ беше исшкртан и оштетен општинскиот комитет на владејачката партија во Центар.
Како што соопштуваат од МВР, денес околу 01,30 часот телефонски во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Востаничка“, во објект во кој бил штабот на политичка партија „ВМРО ДПМНЕ“, од страна на неколку непознати лица биле искршени стаклата од влезната врата и страничните стакла од двете страни на вратата.