ФОТО| Истрага на Reuters: Израелски војници го убиле во Либан новинарот Исам Абдалах

Екипаж на израелски тенк го убил новинарот на агенцијата Reuters и ранила уште шестмина репортери во Либан на 13-ти октомври, покажува истрагата на агенцијата за овој инцидент кој меѓународните организации за човекови права како Аmnesty International го нарекоа воено злостроство и побараа истрага.

Новинарите се настрадани во експлозии на две тенковски гранати истрелани од територијата на Израел, додека ги снимале судирите на грганицата со Либан.

Amnesty International објави дека станува збор за директен напад врз цивили кој треба да биде истражен како воено злосторство. Од Human Rights Watch во засебно соопштение наведоа дека израелските напади тој ден биле „насочен напад врз цивили и како такви се воено злосторство“.

Во нападот е убиен новинарот на Reuters, 37-годишниот Исам Абдалах, а тешко е ранета фоторепортерката на агенцијата France Presse (AFP), 28-годишната Кристина Аси.

Доказите коишто ги собрал Reuters ги анализирала во своите лаборатории во Хаг, Холандската организација за применети научни истражувања (TNO), независен институт кој тестира и анализира оружје и муниција за клиенти како што е, на пример, холандското министерство за одбрана.

Со резултатите од истрагата Reuters ја запознал израелската армија чиј портпарол, поручникот Рихард Хечт одговорил „Ние не напаѓаме новинари“.

Во групата новинари во селот Алма ал-Шаб и неговата околина тој ден биле репортери на AFP, Al Jazeera и Reuters и сите носеле сини шлемови и панцирни елеци на коишто со големи видливи бели букви пишувало „PRESS“, ознака којашто ја истакнуваат репортерските екипи.

„Доказите коишто ги поседуваме и коишто денеска ги објавивме покажуваат дека екипажот на израелскиот тенк го убила нашиот колега Исама Абдалах. Бараме од Израел да објасни како тоа можело да се случи и да ги казни одговорните“, изјави главната уредничка на Reuters, Алесандра Галлони.

Агенцијата AFP објави дека доказите на Reuters ја потврдуваат нивната анализа на инцидентот.

„Нападот врз групата новинари коишто како такви биле јасно обележано, е наобјаснив и неприфатлив“, изјави уредникот на рубриката за надворешна политка во AFP, Фил Четвинд.

„Истарата на Reuters за нападот од 13-ти октомври ги потврдувал израелскиот образец на намерно целење на новинарите за да се замолчат оние коишто ги премнсуваат вестите“, изјави Ихтишам Хибатулах директорт на меѓународните комуникации на Al Jazeera чијашто новинарката од американско-палестинскона потекло Ширин Абу Аклех беше убиена од снајперски оган истрелан на 11-ти мај 2022 година додека известуваше во текот на рацијата на Израелските одбранбени сили (IDF), во близина на бегалскиот логор Џенин, на палестинската енклава Западниот брег.

Израел беше обвинет и во пролетта 2021 година во кусотрајната конфронтација со Хамас, кога неговите сили ракетираа станбено-деловна зграда во Газа во којашто беа сместени дописништва на многу светски медиуми, како Assosciated Press, CNN, Al Jazeera…. Тогаш, израелската војска преку смс-пораки ги известила жителите на блокот дека ќе ја нападне зградата, по што таа била навремено евакуирана.

Меѓународното хуманитарно право забранува напади врз новинари коишто уживаат подеднаков степен на заштита како и цивилите и не може да се сметаат за воени цели.