![veles-miting](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/veles-miting.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Петтиот ден од изборната кампања за претседател на Република Македонија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со централен митинг во Велес. Градскиот плоштад е претесен за сите граѓани кои попладнево се дојдени да го поддржат Иванов и да ја слушнат неговата програма за следниот мандат. Иванов пред централниот митинг во Велес, имаше мали митинзи и средби со граѓаните во Градско и Росоман. Вечерва со почеток во 20:30 часот Иванов ќе одржи централен митинг и во Кавадараци.