Претседателот Ѓорге Иванов и кандидат за втор мандат денеска го посети селото Долнени.
Жителите на Долнени го поздравија Претседателот и му искажаа поддршка за претстојните избори.
На средбите локалното население ги поддржа ставовите на претседателот Иванов во однос на заштита на македонскиот идентитет, и ги поздрави неговите досегашни активности за економски развој на државата.
Претседателот Иванов пред жителите на Долнени ги претстави главните цели од изборната програма и истакна дека само заедно, сплотени ќе можеме да ги оствариме заедничките цели за подобра иднина на Македонија.