ФОТО: Изгоре куќата на Дино Мерлин

Куќата на легендарниот пејач Дино Мерлин во Трстеник настрада во големите пожари кои ја зафатија Хрватска.

Огнената стихија во еден момент ја зафатила и куќата на познатиот музичар, но пожарот брзо бил локализиран од страна на 90 пожарникари.

dino1

Иако пламените јазици допреа делови од објектот и направија материјална штета, куќата во поголемиот дел е одбранета.

dino2

Инаку, според досега расположливите податоци, само на полуостровот огнот до сега проголта 400 хектари земјена површина, додека на Корчила изгореа 500 хектари.