ФОТО| Израелските сили лоцирале голема подземна фабрика за оружје во Газа

Израелската војска во понеделникот соопшти дека ја лоцирала досега најголемата подземна фабрика за оружје во Појасот Газа, која произведувала ракети со долг дострел, способни да погодат цели во северен Израел.

Војската соопшти дека фабриката произведувала стандардна муниција, како што се гранати но и пософтистицарни оружје, и била поврзана со подземни шахти со мрежаta од тунели што се користат за транспорт на оружје за борците во Појасот Газа. Во понеделникот, израелската армија одведе група новинари на обиколка на палестинскиот бегалски камп Буреиј во центарот на Појасот Газа каде што наводно се наоѓа фабриката.

Војската објави дека пронашла во огромно тунелско подрачје во централна Газа некои компоненти на ракети кои, доколку се склопат, би можеле да имаат дострел од повеќе од 100 километри, а се наоѓа на тоа растојани северно од Тел Авив. Во областа Буреиј во централна Газа, каде Хамас пружил посилен отпор отколку во другите делови на Појасот Газа, Израелските одбранбени сили (IDF) го пронашле најголемиот погон и локација за производство на оружје досега во Газа.

Следејќи го сознанијата на военото разузнавање, две бригади на израелските сили откриле тунелски шахти коишто водеа во длабочина до околу 30 метри. Во областа биле пронајдени делови од ракети, посројки за производство на ракети, беспилотни летала, импровизирани експлозивни направи, друго оружје, центри за надзор и други единици на командниот борбен центар.

Во обидот да се заземе областа, силите на израелската војска убиле десетици терористи на Хамас, им било кажано на новинарите.

Израелската 188-та бригада го заземала главниот команден пункт во ел-Буреј, вклучително и позиција за надзор, додека бригадата Голани го открила големиот погон и производствен простор, кој бил поврзан со моштвот тунели за да се олесни пренесувањето на оружјето во другите делови на енклавата и притоа да се избегне надземниот надзор на израелската војска.

Со заземањето на оваа ликоација, како што соопштиле претставниците на израелските сили, сериозно ја попречиле секоја способност на Хамас за повторно вооружување и спречила различни потенцијални напади.

Ова соопштение дојде само еден ден откако израелската војска објави дека военото разузнавање наводно дошло до докази за наводна иранската вмешаност во обуката на Хамас за производство и истрелување прецизни ракети и друго стратешко оружје.

Весникот The Jerusalem Post наведува дека имало „дирекнта поврзаност“ меѓу објавата на израелската војска и пробивот и ставањето под контрола на голем стратешки тунел во областа Дарај-Туфах во северна Газа во изминатите неколку дена. Како дел од операцијата, израелската војска донела експерти за да ги анализираат ракетите со долг дострел и прецизност, вклучително и потенцијално крстосувачки ракети и други предмети што ги нашле таму.

Претставниците на IDF одбиле да прецизираат какви знаци точно имало за иранска обука и насоки во производството и истрелувањето на ракетите, но весникот наведува дека во минатото, на некои оружја имало ирански знаци или персиски зборови, но тоа досега не е документирано. Во други случаи, се наведува, пронајдени се печатени водичи или пораки добиени од електронски уреди кои наводно биле поврзани со Иран.

Иако Хамас е независна сунитска оргранизација, израелското разузнавање со години тврди дека не мисли дека терористичката група би можела да изврши напад каков што продолжи да го изврши на 7 октомври или да го достигне нивото на својата сегашна борбена моќ без општо финансирање и логистика, поддршка и обука од Техеран. Сепак, таквите изјави често се даваат на општ начин, а наодите од неделата биле подиректни докази од вообичаено за наводната иранска вмешаност пишува The Jerusalem Post.

И покрај ова отркитие на израелската војска и соопштениет напредувања на теренот во централна Газа, Хамас успеа да истрела неколку ракети во понеделникот попладнето врз централен Израел и областа на Тел Авив, каде беа активирани системите за тревога од ракетен напад во областите какви што ваква тревога не е објавена повече од една седмица.

Израелската војска сѐ уште не дава процени за способноста на Хамас за ракетирање од Рафах во јужниот дел на Газа, но израелските медиуми наведуваат дека палестинските милитанти сѐ уште успеаваат да истрелаат мали салви од ракети од северна или централна Газа.