(ФОТО) Кајли Џенер го освои Париз со полупроѕирниот фустан

Кајли Џенер го посети Париз за Модната недела. Таа го привлече вниманието на многумина појавувајќи се во полупроѕирен фустан.

Избра фустан составен од „стратешки“ распоредени парчиња црвена ткаенина во комбинација со проѕирни мрежести делови.

Фустанот на реалити ѕвездата имаше шлиц до бутовите со прилично нагласено деколте, кој ги нагласи нејзините облини.

И претходно Кајли се појави во прилично смело издание кое го избра за ревијата на брендот Schiaparelli.

Деколтето и беше толку ниско што мораше да го држи фустанот додека одеше за да го задржи на своето место.