Со свадбена церемонија затворена за очите на јавноста, холивудскиот заводник и до вчера најпосакуван ерген, Џорџ Клуни, се ожени со својата избраничка Амал Аламудин.
Венавката се одржа вчера во елитниот хотел „Аман“ во Венеција, каде на викенд пристигнаа нивните семејства и пријатели.
И актерот и адвокатката во петокот, секој со своите пријатели, ја прославија последната вечер на „слобода“.
Магазинот „Пипл“ ги улови сите холивудски ѕвезди кои пристигнаа во Венеција.