Култниот рок бенд „Simple Minds“ на сите сладокусци на прекрасниот звук во спортскиот центар „Кале“ им приреди одлични и незаборавни моменти.
Меѓу оние кои уживаа во нивната музика беа претседателот Ѓорѓе Иванов и неговиот син, како и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, како и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.