ФОТО: Какви чевли бира Кери Бредшо за оваа сезона

Актерката Сара Џесика Паркер која се прослави со улогата на Кери Бредшо во култната серија „Сексот и градот“ накратко одлучи да се одмори од високите стилето потпетици по кои беше позната.

keri-chevli-1

Иако можеби мислевме дека тоа нема да се случи (барем кога станува збор за црвениот килим) Сара одлучи да се појави на еден настан во Њујорк во ниски потпетици.

Жената што речиси и ги прослави вртоглавите високи стилето потпетици, особено оние дизјанерските, накратко ја замени својата опсесија со чевли со блок потпетица што мора да признаеме, совршено и’ стоеја.

keri-chevli-2

Големиот број светкави кристали го направија своето, па Кери изгледаше подеднакво атрактивно како да го носи моделот со потписот на Маноло Балхник.