
Актерката Камерон Диаз и нејзиниот сопруг Бенџи Маден планирале романтична вечера во еден ресторан во Лос Анџелес, но актерката испила неколку „чашки“ повеќе во текот на вечерата.
Со црвенето лице Диаз и нејзиниот сопруг излегле од ресторанот, заборавајќи дека врне дожд, па штом стигнала до такси актерката се лизнала и падна на коленици, иако се обидувала да се задржи за автомобилот.
Бенџи веднаш скокнал да и помогне, но било предоцна, па Камерон веќе го „бакнала подот“.
Секако, папараците едвај чекале ваква глетка, а фотографиите на пијаната актерка го обиколија светот.