
Американската актерка Кејт Хадсон ги почести следбениците на социјалните мрежи со опуштено утринско издание каде не се трудела премногу да сокрие.
Се огласи и нејзиниот брат кој на убав начин ставил до знаење дека не бил воодушевен од глетката.
Хадсон отсекогаш привлекувала внимание со својата убавина и витка линија, а своевремено беше и на листата на „100 најубави луѓе на светот“. Се чини дека и денес успева да ја оправда таа титула.
View this post on Instagram
На фотографијата која ја сподели на својот Инстаграм, ѕвездата покажа како ужива во утринските моменти. Пиејќи кафе, таа позирала без шминка и топлес, додека брановидната долга руса коса ги покрива нејзините голи гради.
„Изгрејсонце“, напиша актерката која за неколку дена собра речиси половина милион допаѓања.
Иако со своето издание предизвика воодушевување и бројни комплименти кои ѝ ги упатија Парис Хилтон, Мишел Фајфер, Селма Блер и други ѕвезди, нејзиниот брат Оливер не бил фасциниран од глетката што ја видел.
„Не“, напишал тој кратко.

Неговиот саркастичен коментар веднаш предизвикал бројни реакции, а многумина се согласиле дека братско-сестринската љубов е посебна и дека реакцијата на Оливер е симпатична.
„Браќата секогаш се заштитнички настроени кон сестрите. Јас имам двајца и се однесуваат како да имам 5, а не 40 години“, напишала една корисничка.
Инаку, 43-годишната актерка и нејзиниот две години постар брат се многу блиски, а често се шегуваат во јавноста и на социјалните мрежи, каде Оливер воглавно ја „исмејува“ својата сестра.
„Имаме интересна динамика. Имавме возбудливо детство и без оглед на тоа колку конфликти имавме, секогаш бевме многу блиски“, објасни актерката во една прилика.