
Таа има 17 години и ја исполни најголемата желба на татко и’. Ќерката на трагично загинатиот актер Пол Вокер, Медоу израсна во вистинска убавица и ја исполни неговата најголема желба – Да стане успешна.
Медоу од татко и ’ наследи 10 милиони долари што ги вложи во истражување на подводниот свет. Пол инаку беше љубител на морските длабочини, а Медоу од љубов кон него сите пари ги вложи во тоа.
A photo posted by Meadow Walker (@meadowwalker) on
Имено, таа ја основаше Фондацијата Пол Вокер во септември минатата година, истиот ден кога нејзиниот татко требаше да го прослави 43-иот роденден.
Пол Вокер почина на 30-ти ноември 2013-тата година во тешка сообраќајна несреќа. Поршето со кое што управуваше неговиот пријател удри во столб, а актерот почина на местото на сообраќајната несреќа.