
Ќерката на Силвестер Сталоне, Систин (18), ги воодушеви фотографите кога се појави на црвениот тепих на 73-от филмски фестивал во Венеција во долг син фустан.
За премиерата на филмот “Hacksaw Ridge” младата убавица одбра фустан долг до подот во нежна сина боја, со гол грб и изразито висок шлиц кој ја откри нејзината витка фигура.
Предизвикувачкиот фустан со светкави детали го надополни со црни сандали со ремчиња и блескави обетки, а косата ја остави слободно да и паѓа врз рамената.
Инаку, Систин е второто дете на славниот актер, кој има три ќерки. Згодната бринета веќе неколку години се занимава со манекенство и е исклучително популарна на Инстаграм каде често објавува фотки од патувања, забави и кастинзите.