Ким Кардашиан за прв пат се појави во јавност по породувањето, а судејќи по фотографиите мора да кажеме дека се потрудила сите погледи повторно да бидат насочени во неа.
По краткото повлекување од јавноста по породувањето со синот Сеинт Вест пред два месеци, Ким денес се појави на улиците и пред медиумите. Имено, таа се упати на забава кај нејзиниот пријател и поранешен учесник во реалното шоу „Големиот брат“, Џонатан Чибан.
Она што е впечатливо е тоа што и овој пат Ким остави многу малку на фантазијата. Црниот топ одвај успеа да го покрие нејзиното деколте.