Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше испораката на нови тактички балистички ракети на трупите на неговата земја во неделата, објави во понеделникот севернокорејската новинска агенција KCNA.
Ким, исто така, одржал говор на церемонијален настан во Пјонгјанг каде биле претставени 250 нови лансери на тактички балистички ракети, според агенцијата.
Државните медиуми ги опишаа лансерите како моќно, модерно тактичко јуришно оружје дизајнирано лично од Ким и подготвено за пренос во единиците на Корејската народна армија.
Северна Кореја соопшти дека минатиот месец ја тестирала својата нова тактичка балистичка ракета.
„Пјонгјанг ќе има засилена нуклеарна подготвеност во блиска иднина да ги одврати нуклеарните закани и да се заштити себеси и да одговори на сите предизвици“, рекол Ким во говорот пред воените сили и воените научници.
Повторил дека складирањето и подобрувањето на нуклеарното оружје на земјата е најдобриот начин да се спротивстави, како што рекол, на нуклеарните закани и притисокот од САД.
Ким, исто така, рекол дека мирот е загарантиран со „апсолутна и неспоредлива способност за самоодбрана“, пренесува KCNA.