ФОТО| Кина: Во уривање на дел од хотел осум мртви, се трага по деветмина

Во уривањет на дел од хотел во кинескиот град Сужу загинале осум лица, а спасувачките екипи траат по деветмина исчезнати во урнатинит, објавија државните медиуми во вторникот.

Уривањето на делот од хотелот „Siji Kaiyuan“ во споменатиот крајбрежен град се случило во понеделникот доцна попладнето по локално време.

Министерството за вонредни ситуации испратило свој тим за помош во потрагата. Се истражува причината за уривањето, пренесува државната новинска агенција Xinhua.

Хотелот „Siji Kaiyuan“ има вкупен капацитет за 54 гости, а е отворен во 2018 година.