ФОТО| Кипар – Магична убавина што мора да се види и да се доживее!

Со ЈК ТРАВЕЛ, секој вторник со чартер лет од Скопје и вие сте во рајот...

Островот на љубовта, земјата на сонцето со над 300 сончеви денови и најфеноменални, романтични и магични зајдисонца… Островот на рајските волшебни песочни плажи, едни со песок кој наликува на злато, а други со песок бел и мек, островот поделен на две земји, островот на мачките, ноќниот живот, превкусната храна –  со еден збор, тоа е Кипар.

Убавина која мора да се доживее, а ЈК ТРАВЕЛ ви го овозможува тоа. Секој вторник со чартер лет од Скопје и вие сте во рајот.

Кипар, третиот по големина остров на Медитеранот, се наоѓа на крстосница на три континенти, Европа, Азија и Африка, што навистина го прави посебен. Кипар е идеална локација за различен тип туристи, и за љубителите на мирен одмор, кои по цел ден сакаат да се излежуваат на плажа и и да уживаат во тиркизното, кристално чисто море, но и за оние кои сакаат историја и култура со бројни излети по археолошки наоѓалишта, цркви, манастири, тврдини, паркот на скулптурите, музејот на бродовите и животинскиот свет.

Моја препорака е комбинација  на двете.

Од прекрасните водичи ќе слушнете дека најстарата населба на Кипар потекнува уште од неолитот, во бронзеното доба доаѓаат Грците кои ја носат Микенската култура а во исто време свои колонии прават Феничаните и уште од тогаш се мешаат културите на овој остров.

Ќе ги видите остатоците од Римското Царство, арапските калифати, ќе слушнете за владеењето на Француската династија, за трите века Отоманско владеење, а потоа сѐ до 1914 година Кипар бил дел од Велика Британија. Во 1974 година Кипар е поделен на две земји.

Фасцинантно е да ја посетите Никозија и во еден ист град да го почуствувате преоѓањето од една во друга земја од Грција во Турција, од една во друга култура, традиција изглед, платежна валута, цени, начин на живот.

Најинтересна е митолошката приказна за раѓањето на божицата Афродита заради што Кипар се наречува остров на љубовта.

На половина пат од Лимасол кон Пафос се наоѓа карпата на Афродита. Според легендата, од морската пена се родила богињата на љубовта и плодноста. На ова место таа прв пат заплакала, а нејзините солзи се претвориле во карпи. Се верува дека ако на полноќ пливате три пати околу карпите ќе имате среќа во љубовта.

Ларнака е град кој мора да се посети. За него велат дека е град со две лица, од една страна град стар 10.000 години, а од друга страна модерно и престижно европско летувалиште. Ларнака е позната по розовите фламингоси, соленото езеро и прекрасните долги плажи со палми.

Лимасол е вториот по големина град на Кипар (по Никозија) и најпознатото одморалиште на островот Афродита по Аја Напа. Шеталиштето во Лимасол е многу популарно кај туристите поради погледот кон морето, песочните плажи и околината обложена со палми.

Марината во Лимасол е во непосредна близина на срцето на градот, што ја прави значаен за развој за локалното население и атракција за посетителите. Внимателно дизајнирана да се спои со околината на старото пристаниште, стариот град и замокот, проектот има за цел да стане уникатна станбена и рекреативна дестинација. Марината во Лимасол се очекува да го подобри наутичкиот туризам и да го стави Кипар во центарот на мапата на дестинации за јахти. Дополнително, проектот вклучува развој на станбени, деловни единици како и згради за културна употреба.

За хедонистите и за најприбирливите кога станува збор за добра плажа и чисто море, тоа се плажите во Аја Напа и Протарас.

Плажата Ниси во Аја Напа буквално ви го одзема здивот. Бел, мек песок се простира по должината на целиот брег, во должина од  од над 500 метри, а на морето како на огледало се рефлектира синото небо…

Ниси
Ниси
Ниси
Ниси

Опуштена атмосфера со преубави барови и ресторани, музика, превкусна храна, прекрасни луѓе, млади и стари, секој ужива на свој начин.

Таму ја сретнавме прекрасната скопјанка Ана, која со воодушевување и задоволство ни раскажа: „Прв пат сум на Кипар и искрено кажувам дека ги надмина моите очекувања. Нуди сè и има понуда за сечии вкусови. За оние кои сакаат помирен одмор и да уживаат во море и сонце, на Кипар има прекрасни плажи, со тиркизно море и песок кој е како злато. Водата е кристално чиста, плажите се уредеини и достапни за секого, односно не постојат приватни комплекси. За оние кои сакаат да прошетаат и да видат градови, нови култури и начин на живеење, можат да бираат каде сакаат да одат. Никозија, Ларнака, Лимасол или Патос, се градови кои нудат прекрасни ресторани, барови на плажа и клубови, а се релативно блиску еден до друг. Цените во Кипар се нормални. Лани бев во Хрватска и слободно можам да кажам дека Кипар е многу поевтин. Лежалка и чадор се по 2,5 евра, што е поевтино дури и од Халкидики, каде сме научени да одиме бидејќи ни е најблиску. Кипар е остров што вреди да се види, а кога со чартер лет се стигнува само за два часа, го препорачувам на сите како место за одмор ова лето“.

По брегот на Протарас се простираат безброј огромни хотели, прекрасно уредени, со свои лежалки и чадори на чистите плажи, споени со патека по која можете да пешачите во попладневните часови. Овде ќе бидете фасцинирани од прекрасните волшебни зајдисонца.

Ми се допадна што ниедна плажа во Кипар не е приватна, секој може да дојде на секоја плажа, да плати 2,5 евра за лежалка и чадор и да ужива.

Утринско крстарење и пливање со желки во кристално чистите води е исто така едно незаборавно искуство и навистина уникатно доживување.

Се изненадивме кога видовме и постари брачни парови од Битола кои се пофалија колку им е убаво на Кипар и на крстарењето.

Кипар е возбудлив крстопат на вкусови и ароми, мост на култури со влијанија од локалната гастрономија при тоа успевајќи да создаде уникатни јадења.

На Кипар многу се јаде месо, но јас уживав во неодоливите морски плодови, најдобро подготвените риби што досега сум ги јадела, дури и сушито овде беше врвно. Многу компири, многу овошје, зеленчук…не се штедеше на ништо.

Без оглед на сезоната, Кипар дава многу можности да се доживее нешто ново, интересно и возбудливо. Без разлика дали повеќе сакате да шетате на свеж воздух или да пливате во топлите сини води на Медитеранот, има по нешто за секого.