
Клиниката за кардиологија, хирургија и дел од пулмологија изутринава остана без струја.
Темни ходници и затечени пациенти од непријатната ситуација која би требало да е незамислива во вакви здравствени институции, е само приказ за неодговорноста на надлежните.
На социјалните мрежи се сподели информација дека поради овој проблем којшто е од вчера, сите прегледи се откажани и се примаат само ургентни случаи.
В.д директорот на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје, Амар Даут потврди дека овие три клиники се без струја, а проблемот го лоцираше во висока напонска линија надвор од објектите. Екипи на ЕВН работат на терен за решавање на проблемот.