Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, едвај извлекол жива глава, па во последен момент го спасило обезбедувањето, пишува српски „Блиц“.
Во ироничниот текст на весникот се наведува дека напаѓачот бил само еден кловн кој бил на прославата на Православната нова година за децата во Белград.
Кловнот, како што пишува „Блиц“, се обидел да го удрил со гумен чекан по главата, но за среќа обезбедувањето брзо реагирало и го спречи обидот на кловнот на тој начин да ја сруши Владата на Србија.