
Пелистер заслужува заради нас, заради битолчани, да биде современ зимски и летен рекреативен Центар. Кој друг може да се пофали со Национален Парк на само 15 минути од центарот на градот? Гарантираме дека Пелистер ќе биде место кое ќе привлече посетители од поширокиот регион бидејќи ќе понудиме:
– уредени по стандарди и долги патеки за скијање,
– систем планинарски патеки за средно и напредно ниво, маркирани и онлајн достапни
-патеки за планински велосопедизам
– Downhill патека со функционална жицница за пренос на велосипеди
– финансиска поддршка за меѓународни натпревари во планински велосипедизам и downhill
– ќе субвенционираме обука и сертификација на водичи за во планина, изјави денеска за медиумите,кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Битола, д-р Тони Коњановски.
Гарантира дека Пелистер ќе биде развиен центар во тесна соработка со интернационалните донаторски организации во земјата, дека ќе прерасне во туристичка атракција почитувајќи ги еко стандардите на она што значи најстар Национален Парк во регионот.