
Кочанчанецот за кој утрово министерството за внатрешни работи соопшти дека се самоубил при простигнувањето на полициските службеници во неговиот дом откако претходно ја усмртил својата сопруга, а потоа бегајќи од полицијата се фрлил од терасата од семејната куќа.
Жената во тешка здравствена состојба била однесена во болницата, каде што починала. Настанот се случил утринава околу 3 часот, во куќа на улицата „9-ти Мај“ во Кочани, која се уште е во изградба, а станува збор за сопружниците 54-годишниот Благојчо и десет години помладата Ленче Анчови, пренесува Радио Кочани.
Неофицијално, на трагедијата ѝ претходела расправија меѓу сопружниците. Благојчо ја бркал Ленче низ куќата и ја бодел со остар предмет. Потоа со тап предмет ја удирал по главата. Во меѓувреме во нивната куќа пристигнала полицијата, чии припадници се обиделе да го фатат мажот. Тој успеал да им побегне, стасал на терасата од куќата и се фрлил од неа. Починал на лице место.
Сведок на трагедијата биле децата на брачната двојка, 22-годишната ќерка и 13-годишниот син кој се засолнил кај соседи. Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко, при што и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција.
Случајот е потврден од полицијата, која не соопштува никакви поединости, бидејќи истрагата се уште трае.
ФОТО: www.radiokocani.mk