ФОТО: Која е вистинската причина за разводот меѓу Џони Деп и Ембер Херд?

Ембер Херд (30) побарала привремена забрана за приоѓање за Џони Деп затоа што тврди дека е жртва на семејно насилство.

Актерката во понеделникот ги предаде документите за развод, а во петокот во судот заедно со нејзиниот адвокат побарала привремена забрана за приоѓање и покажала фотографии што докажуваат дека 52-годишниот актер и’ нанел физичка болка.

Деп не смее да контактира со Херд до судското сослушување закажано за 17 јуни.

Херд тврди дека Деп фрлил со мобилен телефон по неа за време на караницата и и го повредил лицето. Таа тврди дека за време на наводниот напад Деп кршел во домот додека таа била на телефонот и кога ја зграпчил, таа и’ рекла на личноста со која што разговарала да повика полиција. Кога пристигнала полицијата, Деп си заминал, а бил направен и полициски извештај.

Актерката тврди дека по нападот Деп и’ понудил пари за да молчи, а таа во понеделникот поднела документи за развод. Таа исто така тврди дека поседува и видео снимка од еден од неговите напади.

Холивудската двојка во брак е 15 месеци, а немаат потпишано предбрачен договор.