ФОТО: Колобраро, најпроколнатото место во Европа

На југот на Италија, во покраината Базиликата, се наоѓа Колобраро, познат како проколнат град. Зошто дури и Италијанците се обидуваат да го заобиколат овој град и не му го споменуваат името?

Кружи легенда дека ова гратче е плодно тло за раѓање на деца со аномалии, па така било забележано дека тука се раѓаат деца со две срца или три пара бели дробови. На подрачјето Колобраро забележани се и чудни, никогаш до крај расветлени сообраќајни несреќи на чудни кривини, а тоа е уште една од причините поради кои овој град ја понел титулата најпроколнат во Европа.

2

Сепак, оваа репутација не влијаела негативно на туризмот во ова место, туку токму спротивното! Ова место со вкупно 1.300 жители станало вистинска туристичка атракција, а секое лето се одржува фестивалот “Ноќен сон”, каде се кажуваат “магични” приказни за духови, вештерки и останати “такви” работи…

3

На влезот во градот, оние кои се склони кон празноверие, можат да купат амајлија и да се чуваат од злобни духови. Соседните градови од покраината Базиликата, градот Колобраро го нарекуваат едноставно “Оној град”, без да го изговорат неговото име на глас, и се обидуваат без поголема потреба да минуваат од таму. Приказната за проклетството е стара колку и самиот град.

Името Колобраро се поврзува со зборот “coluber”, што е латински збор за змија. Сепак, дека градот е проколнат, потврдиле и легендите чии главни актери се еден адвокат и една вештерка. Приказната кажува дека Бјаџо Вирџилио, богат, локален адвокат, никогаш не загубил случај и имал многу непријатели. За време едно рочиште, ја предизвикал својата судбина со зборовите: “Доколку лажам, нека падне лустерот”. Токму во тој момент лустерот паднал, и од тој момент името на адвокатот е синоним за лоши работи, а потомците на овој адвокат засекогаш го напуштиле Колобраро.

4

Потоа, тука е приказната за вештерката, која зборува за еден антрополог кој го посетил градот со намера да пронајде жена која може да ја отстрани неговата клетва. Наишол на слаба и стара жена, која ја нарекувале “La Cattre”, и помислил дека таа му е потребна. Нешто подоцна, тој и неговиот истражувачки тим станале жртви на мистериозни несреќи. Токму затоа Колобраро станал познат и како “Град на вештерките”. Една потомка на оваа “вештерка” Елена Ди Наполи, која работи во туристичка организација во градот, истакнала дека нејзината прабаба не била вештерка, туку само стара дама која се вклопила во тоа што луѓето го замислуваат како вештерка.

5

“Чудни работи им се случуваат само на оние кои не живеат овде и веруваат во лоши знаци и случувања”, рекла Елена.

Италијанците се познати како суеверен народ, и сите овие приказни го основале мислењето дека Колобраро е место за несреќи и чудни, нереални случувања.