(ФОТО) Kолони возила чекаат околу 45 минути на ГП „Богородица“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

И утринава на ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.